Call Us
Email at
Office Hrs
Monday - Friday: 09.00am until 16.30pm
First Network of Youth Organizations in Macedonia!
Во периодот од 26-28 април, во Атина во рамките на проектот ACTIon се одржа Транснационалнен состанок со партнерите во проектот.
На состанокот присуствуваа двајца претставници на Коалиција СЕГА како и службеникот за млади од општина Прилеп.
За време на настанот на 26 април, се одржа работилница со донесувачи на одлуки на која учествуваа претставници од општини од Бугарија, претставници од општини од Атина,Грција, претставник на општина Прилеп и партнерите на проектот.
Целта на работилницата беше да се презентира работата на општините и политиките за млади, и да се креираат препораки за подобрување на соработката на општините со младинските организации.
Проектот ACTIon е финансиран преку Ерасмус+ програмата кој има за цел да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.