ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

Public Calls Посети: 2149

Коалиција на младински организации СЕГА организира Национална Работилница за креирање на Позициски документ со препораки за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.

Работилницата ќе се одржи во хотел Амбиент – Струга, во периодот од 21 – 23 октомври 2022 година, а се спроведува како дел од на проектот „Младите може да бидат слушнати”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво. 

На Работилницата е предвидено да учествуваат млади (на возраст од 15 - 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, локални младински совети и службеници за млади.

Ве покануваме да се пријавите за учество на Националната работилница со пополнување на пријавата подолу.

Краен рок за пријавување е 18 октомври 2022 година.

За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска, Програмски раководител на СЕГА, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА

Печати