ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОПШТИНА ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОПШТИНА ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ

Посети: 18

Награда „Младинска пријателска општина“ 2026 

Коалиција на младински организации СЕГА, заедно со Младинскиот центар Охрид, објавуваат Јавен повик за избор на Општина по Мерка на Младите. 

Со цел да се поттикне и награди ефикасното спроведување на Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП), во рамките на овој Јавен повик ќе бидат доделени осум награди „Младинска пријателска општина“ – по една наградена општина во секој од осумте плански региони во Република Северна Македонија. 

Целта на Јавниот повик е да се идентификуваат, промовираат и наградат општините кои имаат висок степен на имплементација на младинските политики, создаваат квалитетни услови за активно учество на младите и ги ставаат потребите и интересите на младите во центарот на локалниот развој. 

Право на учество имаат сите 80 општини и Градот Скопје. 

Општините кои изразуваат интерес за учество треба да го пополнат официјалниот прашалник и да ја достават потребната придружна документација. Прашалникот го пополнува лицето задолжено за младински прашања (службеник за млади) или друго лице овластено од Градоначалникот/Секретарот на општината. 

Линк до прашалникот за пријавување: (https://www.surveymonkey.com/r/nagrada_SEGA)

Краен рок: 31 август 2026 година  

Оценувањето ќе се врши врз основа на следните клучни области: 

Сите податоци презентирани во пријавата мора да бидат поткрепени со соодветни официјални документи прикачени во соодветните полиња на прашалникот (одлуки на Советот, акти, буџетски ставки, програми, извештаи и сл.). 

Наградените општини ќе добијат официјално признавање и промоција на своите најдобри практики на Четвртиот Национален Форум за Младинска Работа, кој ќе се одржи во Охрид во ноември 2026 година. 

Организаторот го задржува правото да ги верификува доставените информации. Податоците од прашалникот ќе бидат користени за изработка на национална споредбена анализа и ќе бидат јавно објавени. Со доставувањето на документацијата, општините даваат согласност наодите од истражувањето да бидат објавени. 

За дополнителни информации и прашања, обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Печати