ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА “FURTHER STEP TO YOUTH WORK”

Blog Посети: 1542

Коалиција СЕГА објавува повик за учество на преставници на граѓански организации во Обука „Further step to youth work”.

Целта на обуката е запознавање со работата и методите на младинските работници. Обуката ќе придонесе кон зајакнување на знаењата и вештините за младинска работа кај учесниците за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа. Обуката ќе ја спроведат сертифицирани обучувачи од Нормандија, Франција, кои ќе ги пренесат искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција. 

 Oбуката ќе се одржи во периодот од 21 – 24 март, 2023 година во Струга.

Заинтересираните организации може да ги пријават своите претставници со пополнување на он-лајн пријава која ќе ја најдете на следниов ЛИНК

КРАЕН РОК за пријавување е 05 март 2023 година до 16.00 часот.

Само селектираните учесници на обуката ќе бидат бидат контактирани најдоцна до 10 март 2023 година. Трошоците поврзани со учеството во обуката (сместување, храна, пат и материјали) се на товар на организаторот. Технички детали и информации околу сместувањето и патните трошоци, ќе бидат споделени дополнително со селектирани учесници.

Доколку имате потреба од дополнителни информации слободно контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Обуката Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува во рамки на соработката  Македонија - Нормандија, Франција, со поддршка на градот Ифс.

Печати