ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”

Public Calls Hits: 499

 

Коалиција на младински организации СЕГА објавува Повик за млади до 29 години од Општина Прилеп за учество на Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница” во рамки на проектот „Е-учество – Силни млади”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 154 – Активности за младинско учество.

Главната цел на проектот „Е-учество – Силни млади” е да се зголеми младинското е-учество во процесите на донесување одлуки во општина Прилеп. Проектот се спроведува на локално ниво и во изминатиот период вклучи во активности голем број на млади и средношколци од Општина Прилеп кои учеа за е-учество и дискутираа иницијативи за зголемување на квалитетот на животот на младите во локалната заедница.

Согласно проектната рамка, главна активност е тридневната Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”, на која учество ќе земат број на млади и претставници на граѓански организации и донесувачи на одлуки на локално ниво во Општина Прилеп. Настанот ќе се одржи во хотел Амбиент – Струга, во периодот од 13-16 октомври 2022 година.  

Заинтересираните потенцијални учесници може да се пријават најдоцна до 06.10.2022 година, со пополнување на пријавата на следниот линк:

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА

Print