Успешно реализирана обука за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“

Blog Hits: 580

Коалиција СЕГА ја реализира обуката за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ во Струга со 11 претставници од граѓански и младински организации од Пелагонискиот регион.

Учесниците ги зајакнаа капaцитетите за начини и примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите, се запознаа со поимите Медиумска писменост, правилно однесување на интернет „Нетикет“, младинско учество и дигитално младинско учество но и научија методи и техники кои ќе ги применуваат со младите на локално ниво.

Во текот на септември ќе се реализираат последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Со учесниците на обуката беше споделен прирачникот за обука DigiPAC и дополнителни материјали кои се креирани во рамките на проектот Еразмус+.Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка во спроведувањето на спроведувањето на  последователните активности на локално ниво.

Обуката се одржа во периодот од 12 - 14 август 2022 година во Струга како дел од активностите на проектот ACTIon финансиран преку Ерасмус+ програмата кој има за цел да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.

Со започнувањето на обуката го одбележавме и Интернационалниот ден на младите, 12 август.

       


Successfully implemented training on "Digital Participation and Active Citizenship (DigiPAC)" in North Macedonia

Coalition SEGA realized the training on "Digital Participation and Active Citizenship (DigiPAC)", with 11 representatives from civic and youth organizations from the Pelagonia region.

The participants strengthened their capacities for ways and adopt the methodology used in European countries to encourage digital participation and active citizenship among young people, they got acquainted with the terms Media literacy, good behavior on the Internet "Netiquette", youth participation and digital youth participation, but also they learned methods and techniques that they will use with young people at the local level.

During September, follow up local activities with young people will be carried out in the direction of encouraging digital participation and active citizenship of young people, that means organizing workshops for E-participation with young people using the OPIN tool www.opin.me. The DigiPAC training manual and additional materials created within the ACTIon project were shared with the participants of the training. Coalition SEGA will provide mentoring support in the implementation of the follow up activities at the local level.

The training was held in the period from August 12 - 14, 2022 in Struga as part of the activities of the ACTIon project financed through the Erasmus+ program which aims to help promote civic education, active digital citizenship and democratic participation of young people in formal and informal education.

With the start of the training, we also marked the International Youth Day, August 12.

 

Print