Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп

Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов:  Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп

Финансиска поддршка: СОС Детско Село Северна Македонија, во рамките на проектот Зајакнување на младите преку нови можности (YEEP), кој се спроведува од СОС Детските села во 5 земји од регионот 

Времетраење: 01 јуни 2020 година – 31 мај 2022 година

Цели: Главната цел на проектот е да се придонесе кон подобрување на вработливоста и активно учество на пазарот на трудот на 50 ранливи млади во Прилеп

Целни групи: Ранливи млади на возраст од 16 – 35 години од Прилеп

Оваа група ги претставува младите луѓе од семејства во социо-економска исклученост од различни причини (сиромаштија, невработеност, злоупотреба, криминал, миграција, етничко малцинство итн.). Овие млади луѓе од тешка семејна позадина се соочуваат со многу предизвици да влезат во животот на возрасните и на пазарот на трудот бидејќи често тие не добиваат адекватна финансиска, социјална и емоционална поддршка од нивните семејства.

Активности: Воспоставување структурна соработка со локалните институции (Центар за социјална работа и Центар за вработување), селекција и обука на 50 млади луѓе во ризик преку развиена методологија за животни вештини и вработливост, обезбедување вокациска (стручна) обука, практиканство, коучинг и менторство, соработка со бизнис сектор во Прилеп, застапување за потребата од поддршка на младите луѓе во ризик. 

Очекувани резултати: 

  1. Подигната свест на локалната заедница за потребата од социјална интеграција на ранливите млади во Прилеп
  2. Зајакнати вештини за вработливост на ранливите млади од Прилеп
  3. Подобрени компетенции на ранливите млади за вработување во согласност со актуелните потреби на пазарот на трудот

Date

24 Јули 2020

Tags

Младинско Вработување