За Нашата Организација

СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребните законски измени, како и поддршка на младинскиот активизам, пристапот до информации и учеството на младите во активности за решавање на нивните проблеми.

Младински совет Прилеп и две партнерски организации ја предводеа иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации за аплицирање и спроведување на проектот „Национален младински акционен план“. Продолжувајќи со процесот, на 20 јануари 2004 година неофицијално беше формирана Коалицијата на младински организации СЕГА со цел да придонесе во развојот и спроведувањето на Националната стратегија за млади на Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 септември 2004 година беше донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани. Коалиција СЕГА е национална организација со колективно членство.

Членството на Коалицијата (во моментов) го сочинуваат 16 основни и 8 придружни организации членки. Управувачката структура е составена од следните тела:
  • Собрание – составено од сите челнови;
  • Управен Одбор – составен од пет претставници од основните членки;
  • Надзорен Одбор – составен од тројца претставници од членовите на Собранието.

Извршната структура е организирана во Централната канцеларија, која се наоѓа во Прилеп, и четири подрачни канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје. СЕГА работи и со два младински информативни и советодавни центри ИНФОСЕГА во Прилеп и Кавадарци.


ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

Нашата Мисија
Desires to obtain

СЕГА работи на развој и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој.

Нашата Визија
Resultant pleasure

Младите делуваат на промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесување на одлуки на локално и национално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.

Нашите Вредности и Работни Принципи
Except to obtain

  • Активно застапување за интересите и потребите на младите и младинските организации во Македонија;
  • Поттикнување на пристапот одоздола - нагоре во редовната работа;
  • Отвореност за соработка со организации истомисленици од Македонија и од странство;
  • Активна соработка со сите институции на национално и локално ниво кои имаат надлежности поврзани со потребите на младите;
  • Проактивност во информирањето и решавањето на младинските прашања;
  • Застапување за зголемување на достапноста на младите во формалните младински организации во Македонија;
  • Застапување за зголемување на обемот на работни области на младинските организации во Македонија;
0
Завршени Проекти
0
Учесници во Активности
0
Потпишани МзС
0
Шолји Кафе

Стратешки приоритет 1:

Младински активизам, Младинско учество и Младинско информирање

Стратешки приоритет 2:

Развој, поддршка и координација на младински организации и други младински тела

Стратешки приоритет 3:

Креирање младински политики и простор за развој на младите во општеството

Запознајте го Нашиот Тим

Виктор Илиев

Претседател на Управен Одбор