Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата

Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата

 РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов на проектот:  Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата

Носител на проектот: Коалиција на младински организации СЕГА

Проектни партнери: 

СОС Детско Село Северна Македонија

Волонтерски Центар Скопје

Женски Форум Тетово

Соработник: Општина Кисела Вода

Времетраење: 01 јануари 2021 година – 30 април 2024 година

Цели:

Општата цел е да се придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Специфичната цел е да се подобри квалитетот на имплементација на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.

Целни групи: Граѓански организации кои работат со млади, младински органиации, Локални младински совети, Единици на локални самоуправи

Крајни корисници: Млади жени и мажи на возраст од 15 – 29 години

Активности: Спроведување на истражувања, Јакнење на капацитети на граѓанските организации за организациски развој и застапување, Развивање на Прирачник за волонтерство во ГОи, Суб-грантирање на граѓански организации, Кампања за подигнување на свеста на младите за важноста од младинско учество, волонтирање и родова еднаквост, Јакнење на капацитети на млади за справување со кибер-насилство, воведување дигитални иновативни платформи за поддршка на младинско учество и вмрежување, Јакнење на Локални Младински Совети како младински застапници, Развивање на Локални Младински Стратегии, Јакнење на капацитети на Службеници за Млади, Поддршка на вмрежување на локални граѓански организации, застапување за унапредување на законска регулатива.

Очекувани резултати: 

1) Зајакнати капацитети на граѓанските организации за независно и ефективно влијание врз донесувачите на одлуки поврзани со младински прашања врз основа на докази и преку локално вмрежување;

2) Подобрени граѓанските компетенции на младите мажи и жени за суштинско учество во секојдневниот живот на демократската заедница користејќи иновативни модели преку родово сензитивни и мировни пристапи;

3) Јавните институции развиваат и спроведуваат информирани и квалитетни јавни политики поврзани со младите засновани на еднакви можности преку одржливо партнерство со локалното граѓанско општество.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е поддржан од EuropeAid/167061/DD/ACT/MK Поддршка на мрежи и платформи на ГОи во Р.С.Македонија, ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2018-2019, и го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски центар Скопје и Здружение Женски Форум од Тетово.

Date

18 Февруари 2021

Tags

Младинско учество