Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за раководење со ЕУ проекти

Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за раководење со ЕУ проекти

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов на проектот:  Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за раководење со ЕУ проекти

Носител на проектот: Коалиција на младински организации СЕГА

Спроведувачи на проектот: 

Коалиција на младински организации СЕГА

Волонтерски Центар Скопје

Времетраење: 15 ноември 2020 година – 15 април 2021 година

Цели:

Општата цел: Развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на граѓаните во Република Северна Македонија.

Специфична цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои делуваат на територија на Општина Гази Баба кон подобрување на благосостојбата на младите во согласност со европските трендови и практики.

Целни групи: Примарната целна група на проектот се младинските организации и граѓански организации кои делуваат на територија на Општина Гази Баба. Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 30 години кои живеат во општина Гази Баба.

Со проектот директно ќе се опфатат: 10 граѓански организации и 20 нивни претставници во процесот на јакнење на организациските капацитети.

Активности: 

Компонента 1: Подготвителни активности и промоција на проектот

Компонента 2: Јакнење на капацитетите на граѓанските организации во Општина Гази Баба

 

Очекувани резултати: 

  1. Зајакнати капацитети на 10 младински организации за раководење на ЕУ проекти
  2. Зајакнати капацитети на 15 претставници на младински организации за раководење на ЕУ проекти

Проектот „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за раководење со ЕУ проекти“ Коалиција СЕГА го спроведува со поддршка на Општина Гази Баба.

Date

24 Ноември 2020

Tags

Младинско учество