Зајакнување на капацитетите на младинските организации „во и „после“ услови на КОВИД-19

Зајакнување на капацитетите на младинските организации „во и „после“ услови на КОВИД-19

Финансиска поддршка: Општина Гази Баба

Времетраење:  јануари 2021 година – декември 2021 година

Цел: Зајакнати капацитети на граѓанските организации и младинските работници кои делуваат на територијата на општина Гази Баба, за справување со предизвиците во спроведување на активности наменети за младите “во” и “после” услови на КОВИД19 кои водат кон подобрување на нивната благосостојба.

Целни групи: 

Примарната целна група на проектот се граѓанските организации и младински организации кои делуваат на територија на Општина Гази Баба. Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 30 години кои живеат во Општина Гази Баба.

Активности: 

  • Развивање на методологија за спроведување на обука согласно потребите на граѓанските и младинските организации;
  • „Обука за користење на дигитални алатки и методи за работа со млади во и после пандемиски услови”;
  • Менторска поддршка за развивање на Акционен план на последователни активности за примена и дисеминација на стекнатите знаења и вештини;
  • Спроведување на Акционите планови на последователни активности за примена и дисеминација на стекнатите знаења и вештини;

Очекувани резултати: 

  1. Зајакнати капацитети на младинските и граѓанските организации за спроведување на активности со млади “во” и “после” услови на Kовид19.
  2. Дигиталните вештини и знаења кај младинските работници и младите во општина Гази Баба се зајакнати и применливи.
  3. Развиена и применета програма за младински работници применлива во услови на социјално дистанцирање.

Date

12 Јануари 2021

Tags

Младинска работа