Млади против корупција

Млади против корупција

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов: “YOUth Against Corruption” (МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА)

Финансиска поддршка: Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа - Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, проект со регистарски број SEE-TAC 3-02/2022

Времетраење: 15 февруари 2022 година – 15 декември 2022 година

Цели:

Општа цел:

Подобрена свест на власта и на граѓаните за последиците од корупцијата и ефективни мерки за спречување и справување со корупцијата, особено на локално ниво.

Специфични цели на проектот:

Зголемени капацитети на младинските лидери за препознавање, спречување и борба против корупцијата и коруптивното однесување кон ефективно имплементирање на UNCAC.

Целни групи: 

  • директни корисници на проектот се млади на возраст меѓу 15 и 29 години (позадина: млади од средните училишта, студенти, невработени млади, млади кои живеат во рурални средини, волонтери во ГО, младински работници, млади лидери – подмладоци од политички партии);
  • секундарни корисници на проектот се претставници на национални и локални институции (позадина: владата и општините).

Крајни корисници: 

  • 20 млади луѓе од општини: Кисела Вода, Бутел, Охрид, Штип и Прилеп (позадина: млади од средните училишта, студенти, невработени млади луѓе, млади луѓе кои живеат во рурални средини, волонтери во граѓански организации, младински работници) директно вклучени во обука;
  • повеќе од 5000 млади опфатени преку локални иницијативи за подигање на јавната свест во петте општини (Кисела Вода, Бутел, Охрид, Штип и Прилеп);
  • 10 млади лидери (позадина: политички подмладоци), 20 претставници на институции и организации (позадина: локални и национални институции, политички лидери, приватен сектор, медиуми, граѓански организации) опфатени преку национална конференција.

Активности: 

  • градење на капацитети за застапување и лобирање со цел да се спречи и да се бори против корупцијата додека ефикасно се спроведува UNCAC;
  • подигнување на свеста на општинската администрација и граѓаните за постоењето на корупцијата и превентивните антикорупциски мерки;
  • да се запознае пошироката јавност со резултатите од иницијативата и да се обезбеди посветеност и континуирани напори од страна на политичките чинители.

Очекувани резултати: 

  • зголемено знаење и вештини за застапување за мерките за антикорупција и коруптивно однесување;
  • младите и општата популација од 5 градови се информирани за препознавање и справување со корупцијата и коруптивното однесување преку јавни кампањи;
  • подобрена заложба на младите политички лидери за стратешко справување со корупцијата во процесите на креирање политики преку промовирање и практикување на UNCAC.

РЕЗУЛТАТИ И ПРОДУКТИ ОД ПРОЕКТОТ:

Прочитајте повеќе за иницијативите на Младите Агенти за борба против Корупција:

Општина Охрид

 

Општина Прилеп

 

Општина Штип

 

Општина Кисела Вода

 

Општина Бутел

 

Декларација за заложба за борба против корупција:

На 30 ноември 2022 година, на Националната Конференција „Млади против корупција“ која се одржа во хотел Панорамика - Скопје, подмалдоците на политичките партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алтернатива, БЕСА, Левица, ГРОМ, ЛДП и ПВМ) и Коалиција на младински организации СЕГА ја потпишаа Декларацијата за заложба за борба против корупција. Погледнете ја Декларацијата на линкот подолу:

Декларација за заложба за борба против корупција

Date

15 Февруари 2022

Tags

Младински Активизам