
Промоција на Безбедна Училишна Средина
Донатор на проектот:
Детска фондација Песталоци
Носител на проектот:
Коалиција на младински организации СЕГА
Проектни партнери:
Македонски центар за граѓанско образование
Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“
СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации
Соработници на проектот:
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Државен просветен инспекторат
Период на спроведување:
01 Септември 2023 – 31 август 2026 година
Буџет на проектот:
55.366.705,00 МКД
Цел на проектот:
„Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во рамките на 26 основни и 24 средни училишта“.
Очекувани резултати:
- Подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата
- Зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство
- Примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички
Целни групи на проектот:
- Ученици во основно и средно образование, со фокус на ученички парламенти и ученички правобранители
- Претставници на основни и средни училишта (директори, стручни соработници, наставници)
- Родители и Совети на родители
- Претставници на Педагошки факултети (професори и студенти)
- Претставници на единици на локални самоуправи
Главни активности:
- Унапредување на ученичкото учество во образованието, преку поддршка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието
- Поддршка Државниот просветен инспекторат при унапредување на процесот на евалуација на основните и средните училишта во полето на ученичкото учество и заштита од насилство врз децата
- Јакнење на капацитетите на ученичките парламенти и ученичките правобранители за заштита и превенција од насилство врз деца во проектните училишта преку менторство и поддршка на ученички проекти
- Креирање јадро на врснички едукатори и спроведување на врсничка едукација за препознавање, превенција и заштита од насилство
- Организирање вебинари за воспитно-образовниот и раководниот кадар на основните и средните училишта, како и претставници од Локалните Самоуправи
- Онлајн тренинг курсеви за наставници и стручни соработници за превенција и справување со насилство врз деца, вклучувајќи употреба на дигитални алатки во наставата преку ЕДУИНО платформата
- Развивање дигитална база со едукативни ресурси за ученичко учество и заштита од насилство врз деца преку ЕДУИНО платформа наменета за ученици и воспитно-образовен кадар
- Поддршка на училиштата во развивање и примена на Политика за заштита на деца во согласност со позитивната законска регулатива
- Развој на дигитални едукативни ресурси за воспитно-образовниот кадар достапни преку ЕДУИНО
- Спроведување на кампањи против насилство врз децата вклучувајќи ученици и родители
- Јакнење на улогата на родителите во борба против насилството врз децата преку подготовка на Водич за улогата на родителите во превенција и спречување на насилство во училиштата и фасилитација на тематски состаноци
- Подобрување на наставните програми при Педагошките факултети преку воведување на содржини за креирање позитивна клима во училиштата и поддршка на практична примена на студентите во наставниот процес
- Интеркултурни размени за ученици и наставен кадар во Детското Село Песталоци, во Троген – Швајцарија.
Листа на проектни училишта 2023 - 2026
Основни училишта:
- ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје
- ООУ „Војдан Чернодрински“ – Карпош, Скопје
- ООУ „Браќа Миладиновци“ – Илинден, Скопје
- ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ – Гостивар
- ООУ „Лирија“ – Тетово
- ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод
- ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
- ООУ „Никола Карев“ – Крушево
- ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино
- ООУ „Тошо Арсов“ – Штип
- ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, Валандово
- ООУ „Гоце Делчев“ – Конче
- ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово
Средни училишта:
- СУГС „Георги Димитров“ – Карпош, Скопје
- СУГС „Браќа Миладиновци“ – Кисела Вода, Скопје
- СОУ „Гостивар“ – Гостивар
- СОУ „28 Ноември“ – Дебар
- СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ – Прилеп
- СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп
- СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
- СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес
- СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
- СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Делчево
- СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово
- ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово