Промотивен настан за презентација на истражување за младински трендови

Промотивен настан за презентација на истражување за младински трендови

На 21 декември 2021 година, преку онлајн настан беше одржан Промотивен настан на кој беше презентирана Почетната Студија за младински трендови во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската унија.

На настанот учестуваа млади лица, претставници на граѓански организации и меѓународни организации, службеници за млади и претставници на локалните младите совети.

Настанот го отворија Зоран Илиески, Тим лидер на проектот и Ирена Иванова, Програмски менаџер при Делегацијата на Европската унија. „Се наоѓаме во период од фазата на спроведување на законот за младинско учество и младински политики, сметаме дека проектот значително ќе придонесе кон негово спроведување особено во делот на воспоставување на посистематска соработка со граѓанското општество кон суштинско младинско учество. Со проектот директно ќе ја поддржиме работата на локалните службеници за млади, ќе дадеме придонес во развојот на волонтерството и ќе им помогнеме на општините во развојот на локалните политики за млади, промовирајќи ненасилна комуникација и родова еднаквост“, изјави Зоран Илиески, Тим Лидер на проектот и Извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА.

„Квалитетот на живот и перцепцијата на младите за иднината во нашата држава не е на завидно ниво и младите сметаат дека платите се ниски, а цената на производите расте и тоа ја отежнува ситуацијата да имаат стандард на живот како што посакуваат. Слободното време на младите луѓе се сведува на посета на кафулиња и гледање ТВ, што ни од далеку не е доволно за добар квалитет на живеење. Младите сметаат дека најдобар начин и мотивација за да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво е преку граѓанските организации, што е одлична можност за вклучување имајќи предвид дека најголем дел граѓанските организации вклучени во ова истражување делуваат на учество на младите во јавниот живот“, изјави Софија Георгиевска, главниот истражувач за Почетната Студија за младински трендови.

Може да го погледнете настанот на следниот линк.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската унија и спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА како главен имплементатор заедно со партнерите СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар и Асоцијација Женски Форум Тетово. Проектот има за цел да гo подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество со што ќе придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики. Периодот на имплементација е јануари 2021 година – април 2024 година.


Печати   Е-пошта