Дигиталното младинско учество е лесно: лансирање на новиот изглед на платформата OPIN.ME

Дигиталното младинско учество е лесно: лансирање на новиот изглед на платформата OPIN.ME

Дигиталното младинско учество им дава можност на младите да станат активни граѓани од локално до европско ниво.

Сепак, позитивните ефекти се откриваат само кога процесот на учество се води професионално - користењето дигитални алатки не е доволно за да се инспирираат младите луѓе, младинските организации и администрациите да соработуваат. Задоволство ни е да го споделиме со вас лансирањето на новиот изглед на платформата OPIN.ME, која ги подобрува животите и на претходните корисници и на сите оние што се прашуваат како да водат успешен проект за дигитално младинско учество.

На потенцијалните иницијатори често им недостасува искуство, персонал и финансиски средства за планирање и спроведување на успешен проект за дигитално учество. Ова е причина зошто пилот проектите може да пропаднат поради многу непознати предизвици и стапици, што доведува до фрустрација кај учесниците. Проектот за стратешко партнерство на Еразмус + „DIGY – Дигиталното младинско учество е лесно“ се справува со овој проблем преку обезбедување квалификации и градење капацитети за иницијаторите на проекти за дигитално младинско учество: „Мерките за обука и квалификација на тема е-учество во младинската област се барани со години од општините, младинските организации и образовните институции. На иницијаторите на процесите им е потребна обука и поддршка за да спроведат успешен проект. Поради ова, обезбедуваме материјали за е-учење на бесплатно достапната платформа ОПИН (www.opin.me)“, вели Ева Шеферд, научен соработник на nexus Institute, кој е водечка партнерска организација на проектот DIGY.

Новата платформа ОПИН останува како професионална онлајн кутија со алатки за дигитално младинско учество достапна на 10 европски јазици и вклучува уникатни софтверски компоненти и алатки. Примерите за најдобри практики, членовите на ОПИН заедницата и претстојните материјали за е-учење го олеснуваат дигиталното младинско учество за почетниците: „Овие материјали се наменети за иницијатори кои за прв пат спроведуваат проект за дигитално младинско учество. ОПИН ќе има дополнителна област за самостојно учење каде иницијаторите и заинтересираните практичари ќе можат да најдат кратки текстови, видеа и подкасти за сите релевантни теми со кои се среќаваат при планирање и спроведување на проект“, споделува Ева Шеферд.

Иновативните решенија го менуваат концептот на демократско учество и ги зајакнуваат младите да бидат активни граѓани. Ве покануваме да се запознаете со  новата платформа ОПИН и да ги откриете начините како да го започнете вашиот прв проект за е-учество или да бидете инспирирани од членовите на заедницата за дигитално учество.

 

Доколку сакате да добивате повеќе информации за темата, претплатете се на месечниот весник на DIGY: https://digy-project.eu/news/newsletters/


Печати   Е-пошта