Успешно реализирана Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”

Успешно реализирана Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”

Во х.Амбиент, Струга, беше реализирана тридневна Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”.

Конференцијата се одржа во периодот 13 – 16 октомври, а учество зедоа повеќе од 40 учесници, од кои млади, претставници на граѓански организации и донесувачи на одлуки на локално ниво во Општина Прилеп. За време на Конференцијата, учесниците дискутираа за важноста и начините на вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, разгледуваа и дискутираа околу предлози и иницијативи кои беа прибрани во рамки на проектните активности во изминатиот период, и користејќи дигитална алатка за е-учество развиваа дополнителни иницијативи во насока на зголемување на квалитетот на животот на младите во локалната заедница.

Конференцијата „Младинско е-учество за подобра заедница” се спроведува како главна активност во рамки на проектот  „Е-учество – Силни млади” чија цел е да се зголеми младинското е-учество во процесите на донесување одлуки во општина Прилеп. Проектот се спроведува на локално ниво и во изминатиот период вклучи во активности голем број на млади и средношколци од Општина Прилеп кои учеа за е-учество и дискутираа иницијативи за зголемување на квалитетот на животот на младите во локалната заедница.

Проектот „Е-учество – Силни млади” го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на Еразмус+ програмата со финансиска поддршка на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.


Печати   Е-пошта