ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО МЛАДИНСКИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО МЛАДИНСКИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

Бидете и Вие дел од регионалните младински консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики! Вашето мислење е важно, а Вашето учество во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.

Коалиција на младински организации СЕГА организира широк консултативен процес за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики. Процесот предвидува 8 регионални форуми, по еден во секој плански регион, и една Национална консултативна средба преку кои ќе се драфтираат предлог измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики.

Коалиција СЕГА ги организира младинските консултации во партнерство со Националниот Младински Совет на Македонија и Сојузот за младинска работа.

КАЛЕНДАР НА ПРВИТЕ ТРИ РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ:

  1. Скопје - 18 септември 2024 година во Ресурсниот Центар Скопје со почеток во 10.00 часот;
  2. Штип – 20 септември 2024 во Ресурсниот Центар Штип со почеток во 10.00 часот
  3. Гостивар – 23 септември 2024 во Ресурсниот Центар Гостивар со почеток во 10.00 часот

Проектот ги повикува младинските организации, организациите за млади, младинските чадор организации и службениците за млади од овие региони да се пријават за учество со пополнување на следнава ПРИЈАВА.

За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска – Програмски раководител на СЕГА, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

  • Патните трошоци за учесниците надвор од местото на одржување на форумот, работните материјали и освежување ќе бидат покриени од организаторот. 

 Консултативниот процес е дел од проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојаната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.


Печати   Е-пошта