Coalition SEGA Contributes to Safer and more Protected Institutions and Citizens in Prilep During a Pandemic

Coalition SEGA Contributes to Safer and more Protected Institutions and Citizens in Prilep During a Pandemic

In order to support the educational institutions and the citizens in Prilep, Coalition SEGA provided funds for disinfection and personal hygiene in accordance with the needs and recommendations of the World Health

Organization and the Government of RN Macedonia.

This support is part of the project "Support to Marginalized Groups for COVID-19 Prevention in Prilep", financially supported by the NGO Group 484 from Belgrade and the Norwegian Embassy in Belgrade. The project is implemented in cooperation with the Municipality of Prilep.

At today's press conference, Mayor Ilija Jovanoski said "All the material is distributed in all primary and secondary schools in our municipality, in kindergartens, the Home for the Elderly, and next week will be distributed in centers for people with disabilities and in the settlement Trizla, for beneficiaries of guaranteed minimum assistance. I would like to welcome the initiative of the Coalition SEGA, to congratulate them because they are one of the few non-governmental organizations in our municipality, who took care to meet the needs of those who need this help the most. "The most important thing is that this donation arrives not only in the right hands, but also at the right time, before the start of the school year."

Zoran Ilieski, Executive Director of Coalition SEGA, said "Our goal is to help strengthen the capacity of local authorities in Prilep to address the needs of people at risk during a pandemic. We hope that with this donation we have helped local institutions to more easily cope with the new challenges, and above all by contributing to the safety and health of children and youth."

The project provides support for all 10 primary and 5 secondary schools in Prilep and the surrounding area of Prilep, all kindergartens, Centers for Children with Disabilities and the Home for the Elderly. The support provides:

  • 5000 medical masks
  • 1200 liters of antibacterial liquid soap
  • 22 liters of solution - disinfectant for surfaces and objects
  • 330 liters of hand sanitizer
  • 12 contactless hand disinfection dispensaries for schools
  • 60 contactless thermometers measuring body temperature intended for schools.
  • Banners with visual instructions for all schools that will help to promote and provide personal protection to prevent the spread of the coronavirus.

The project also provides support to Roma citizens receiving guaranteed minimum assistance by providing 10,000 medical masks and 1,000 liters of antibacterial liquid soap. Additionally, the project provides information material on current WHO measures and recommendations for personal protection by placing information posters in Macedonian and Romani.

You can view a video material of the press conference on this link.

__________________________________________________________

Коалиција СЕГА придонесува кон побезбедни и заштитени институции и граѓани во Прилеп во време на пандемија

Со цел да се поддржат воспитно-образовните институции и граѓаните во Прилеп, Коалиција СЕГА обезбеди средства за дезинфекција и лична хигиена во согласност со потребите и препораките од Светската здравствена организација и Владата на РС Македонија.

Оваа поддршка е во рамките на проектот „Поддршка на маргинализирани групи кон превенција од COVID-19 во Прилеп“, финансиски поддржан од НВО Група 484 од Белград и Амбасадата на Норвешка во Белград. Проектот се спроведува со соработка со Општина Прилеп.

На денешната прес конференција градоначалникот Илија Јованоски изјави „Целиот материјал е дистрибуиран во сите основни и средни училишта во нашата општина, во детските градинки, Домот за стари лица, а наредната недела ќе бидат дистрибуирани во центрите за лица со попреченост и во населбата Тризла, за корисниците на гарантирана минимална помош. Сакам да ја поздравам иницијативата на Коалицијата СЕГА, да им честитам бидејќи се едни од ретките невладини организации во нашата општина, кои се погрижија да им излезат во пресрет на оние на кои ваквата помош им е најпотребна. Она што е најважно, е дека оваа донација стигнува не само во вистински раце, туку и во вистинско време, односно пред почетокот на учебната година“.

Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА, изјави „Наша цел е помогнеме во зајакнување на капацитетите на локалните власти во Прилеп за адресирање на потребите на луѓето во ризик во време на пандемија. Се надеваме дека со оваа донација помогнавме на локалните институции полесно да се справат со новите предизвици, а пред се придонесувајќи кон безбедноста и здравјето на децата и младите“

Преку проектот обезбедена е поддршка за сите 10 основни и 5 средни училишта во Прилеп и околината на Прилеп, сите градинки, Центрите за деца со попреченост како и Домот за стари лица. Преку поддршката се обезбедени:

  • 5000 медицински маски
  • 1200 литри антибактерски течен сапун
  • 22 литри раствор - средство за дезинфекција на површини и предмети
  • 330 литри средство за дезинфекција на раце
  • 12 безконтактни диспанзери за дезинфекција на раце за училиштата
  • 60 безконтактни термометри мерење телесна температура наменети за училиштата.
  • Банери со визуелни инструкции за сите училишта кои ќе им помогнат за промоција и обезбедување лична заштита при спречување на ширење на корона вирусот.

Проектот исто така обезбедува поддршка за граѓаните од Ромската популација кои се приматели на гарантирана минимална помош преку обезбедување на 10.000 медицински маски и 1000 литри антибактериски течен сапун. Дополнително, проектот обезбедува информативен материјал за тековните мерки и препораки од СЗО за лична заштита преку поставување на информативни постери на Македонски и Ромски јазик.

Видео од прес конференцијата може да погледнете на следниот линк.


Печати   Е-пошта