СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО - 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации!

СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО - 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации!

Денеска на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на детето!

Денес го насочуваме нашето внимание и потенцираме на сите обврски кои државата ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата.

Последното истражување на Коалиција на младински организации СЕГА, Алтернативниот извештај за Конвенцијата за правата на децата од 2020 година, покажа дека децата сеуште не се во можност целосно да ги практикуваат своите права во нашата држава. Извештајот ја прикажува состојбата со напредокот на имплементација на детските права на сите нивоа во периодот 2010 – 2020 година.

 

Клучните наоди од истражувањето се следните:

Образование: Во однос на квалитетот на образованието, 48 % од децата на возраст од 11 – 17 години сметаат дека воопшто не ги добиваат потребните знаења во училиштето, при што овој критички став го заземаат дури 87 % од децата од средното образование.

Младинско учество: 88 % од децата се сосема убедени во своето право да учествуваат во донесување одлуки, но сеуште присутен е предизвикот како децата слободно да го изразат својот став без последици. Ученичкото учество во средните училишта сеуште не е законски загарантирано, по примерот на Законот за основното образование.

Меѓуврсничко насилство: 70 % од децата учесници во истражувањето биле жртви на некаков вид на меѓуврсничко насилство, пред сè на физичко насилство, но и на вербално и социјално насилство. Насилството помеѓу врсниците е главно застапено на социјалните мрежи.

Училиштата не се подготвени да се справат со проблемот на растечко насилство и со различните видови насилство како што е кибер-насилството.

 

Препораки на Коалиција СЕГА:

  • Државата мора суштински да ги зајакне своите механизми за подобрување на благосостојбата на децата и да обезбеди подобри услови за практикување на детските права на сите нивоа
  • Држава и образовните институции мора да им овозможат на децата да учествуват во процесите на донесување на одлуки и да бидат третирани како партнери за заеднички решенија
  • Државата мора да обезбеди можност за децата да се развиваат во безбедна и слободна средина, каде ќе научат како да бидат влијаат врз позитивни промени а со тоа да станат одговорни граѓани кои ќе придонесат кон подобро општество

 

Нека е честит Светскиот ден на детето!


Печати   Е-пошта