Воведна обука за младинска работа [IN-TO] youth work

Воведна обука за младинска работа [IN-TO] youth work

Во периодот од 21 – 24 февруари, 2022 година во хотел Амбиент во Струга се одржа Воведна обука за младинска работа [IN-TO] youth work.

Целта на оваа обука беше учесниците да ги зајакнат своите знаења и вештини за младинска работа, но и поблиску да се запознаат со работата и методите на идните младински работници. Обуката придонесе кон подобрување на пристапот на граѓанските организации во полето на младинската работа како и зајакнување на капацитетите на самите вработени за работа со млади како дел од нивната секојдневна работа.

Обуката ја спроведуваа сертифицирани обучувачи од Нормандија, Франција, кои ги пренесоа искуствата и знаењата за работа со млади кои се применуваат во Франција.

Повеќе слики од атмосферата на обуката може да најдете на следниот линк.


Печати   Е-пошта