Коалиција на младински организации СЕГА – Мисија и визија

Коалиција на младински организации СЕГА – Мисија и визија

СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребни законски измени, како и посветеност на поддршката на младинскиот активизам, пристап до информации и учество на младите луѓе во активностите за решавање на нивните проблеми.

Членството на Коалицијата (во моментот) се состои од 10 полноправни и 17 придружни организации. Структурата на управување е составена од следниве тела:

  • Собрание - составен од сите членови;
  • Управен одбор - составен од пет претставници од полноправни членови;
  • Надзорен одбор - составен од тројца претставници од членовите на Собранието.

Извршната структура е организирана во Централната канцеларија, која се наоѓа во Прилеп, и четири регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје. СЕГА, исто така, работи и со два Младински Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА во Прилеп и Кавадарци.

 

Нашата мисија

СЕГА работи на развој и имплементација на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и зајакнува младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивниот личен и професионален развој во Република Македонија.

Нашата визија

Младите влијаат врз промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесувањето одлуки на национално и локално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција им овозможува на младите да веруваат во себе, да ги остварат своите интереси, да создаваат и да градат.


Печати   Е-пошта