КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕГА ГО ПРОШИРУВА СВОЈОТ ТИМ

Доколку сте креативна личност и сакате да работите во динамична средина, проверете ги отворените можности за вработување во СЕГА. 

Отворени позиции во канцеларијата на Коалиција СЕГА во Прилеп: 

  • Проектен Асистент 
  • Комуникациски Асистент 

 Работни задачи и одговорности на Проектниот Асистент:  

  • Спроведување на програмски и оперативни активности 
  • Пишување и имплементација на проекти 
  • Учество во креирање на програми   
  • Обезбедување на логистичка поддршка во реализирањето на активности во организација на СЕГА 
  • Планирање, учество и документирање на настани на СЕГА 
  • Планирање, организирање и спроведување на проектни активности 
  • Подготвува извештаи и информира за напредокот на активностите од својот делокруг. 

 

Работни задачи и одговорности на Комуникацискиот Асистент:  

  • Обезбедување на промоција и видливост на програмското и проектното работење на СЕГА 
  • Воспоставува добра комуникација со организации / членки на СЕГА 
  • Обезбедува навремено информирање и управува со социјални мрежи 
  • Организира настани и состаноци согласно програмските и проектните активности на СЕГА 
  • Се информира за и ги следи активностите на организациите членки на СЕГА 
  • Ги идентификува потребите и поддршката која им е потребна на членките од мрежата и соодветно го известува раководството за тоа 
  • Подготвува извештаи и информира за текот на спроведувањето на активностите од својот делокруг. 

 

Потребни квалификации и искуства на кандидатите: 

  • Завршено минимум средно образование  
  • Активни баратели на работа во базата на АВРСМ 
  • Активно користење на MS Office 
  • Добри организациски способности 
  • Одговорност и навременост 
  • Одлични комуникациски вештини 
  • Познавање на социјални медиуми
  • Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи 
  • Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим 
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување) 
  • Искуство со дизајн и продукција на промотивни продукти, управување со социјални мрежи ќе се смета за предност 
 

 
 Работни часови: 40  часа во текот на неделата (понеделник-петок работно време, од 09:00 до 17:00) 

 Избраните кандидати ќе посетуваат задолжителна тримесечна сертифицирана обука за Работник со млади.  

 Заинтересираните кандидати треба да достават: 
- мотивационо писмо 
- кратка биографија 

 
Целосната документација да се достави најдоцна до 27 јули 2023 година на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 
СЕГА го задржува правото да ги контактира само кандидатите кои ги исполнуваат условите да бидат повикани на интервју. 

  
Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 


Печати   Е-пошта