Јавен повик за експерт/ка за Анализа и мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики

Јавен повик за експерт/ка за Анализа и мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики

Коалицијата на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан, објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за Анализа и мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики.

  1. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ
  • Завршени додипломски студии во полето на општествени науки или сродни области на предложениот експерт/ка (завршени постдипломски и/или докторски студии ќе се смета за предност)
  • Најмалку 5 години искуство во спроведување на теренски истражувања и анализи
  • Напредни истражувачки и аналитички способности
  • Познавање и примена на програми за обработка на податоци (SPSS)
  • Водечка улога како експерт/ка во најмалку 2 истражувања (вклучувајќи период, локација, детали за контакт за референци, позиција на експертот/ката и опис на ангажманот)
  • Искуство во анализа на законска регулатива ќе се смета за предност

Доколку ги исполнувате потребните квалификации пријавете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со доставување на следнава документација:

  1. Професионална биографија (CV)
  2. Писмо за интерес
  3. Доказ за водечка улога како експерт/ка во најмалку 2 истражувања вклучувајќи: период, локалција, детали за контакт за референци, позиција на експертот/ката, опис на ангажманот и линк до истражувачкиот продукт или истражувачки продукт како во прилог на документацијата.

со назнака: ,,Пријава на јавен повик за Анализа на Закон за младинско учество и младински политики

Краен рок за доставување на апликациите е 31 јули 2023 година, најдоцна до 16:00 часот.

Целосниот повик можете да го преземете овде: 

⇓ ⇓ ⇓ ⇓ ⇓

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за Анализа и мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики


Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.


Печати   Е-пошта