ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН СОРАБОТНИК

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН СОРАБОТНИК

Коалиција на младински организации СЕГА објавува Оглас за Проектен соработник со полно работно време, во Извршната канцеларија на СЕГА во Прилеп. 

За СЕГА:

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации, со речиси 20 години искуство во застапување за потребната законска легислатива за младинско учество, информирање, вработување и активизам.

Мисија на СЕГА

СЕГА работи на развивање и примена на младински политики на локални и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите на нивниот личен и професионален развој.

Работни задачи и одговорности на Проектниот соработник:

  • Спроведува програмски и оперативни активности
  • Организира и спроведува проектно предвидени активности
  • Остварува редовна комуникација со партнерски организации и со институциите кои се релевантни за проектите на СЕГА
  • Ги промовира проектните активности и резултати на СЕГА пред целните групи, медиумите и другите чинители
  • Обезбедува логистичка поддршка во реализирањето на активностите во состав на Централната Канцеларија на СЕГА
  • Организира состаноци на ниво на Коалиција СЕГА
  • Прибира податоци и подготвува извештаи за текот на спроведувањето на активностите од својот делокруг на работа
  • Врши други работи по налог на Раководителот на програми 

Потребни квалификации и искуства на кандидатите:

  • Минимум средно образование
  • Солидно познавање на Раководење со проектен циклус
  • Најмалку 2 години искуство во спроведување проекти
  • Активно користење на MS Office
  • Одлични организациски и аналитички способности
  • Одговорност и навременост
  • Одлични комуникациски вештини
  • Познавање и работа со социјални мрежи
  • Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи
  • Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)

*Предност ќе имаат кандидати кои имаат работно искуство во здруженија или фондации, како и кандидати со високо образование - општествени науки.

Коалиција СЕГА овозможува:

  • Флексибилна работа во динамична средина
  • Менторство и поддршка од тимот на СЕГА
  • Можности за професионална и лична надградба

Работно време:

40 часа преку неделата (понеделник - петок работно време, од 09:00 до 17:00)

Работен однос

Работниот однос ќе биде на определено време започнувајќи во првата половина на септември 2023 година, предвидувајќи договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување како и почетна основна нето плата во износ од 25.000 – 28.000 денари (Износот на нето плата ќе биде утврден во согласност со компетенциите на избраното лице).

Пробен период

Првите 30 дена од вработувањето ќе се сметаат како пробен период, во согласност со природата на зададените задачи. Во овој период, новиот вработен ќе има можност да ја прикаже својата способност за вршење на доделените работни задачи и да се вклопи во работниот тим.

Потребни документи за аплицирање на заинтересираните кандидати

  • Кратка биографија (на македонски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик)
  • Препораки од претходни работни места

Испратете ја Вашата апликација најдоцна до 13 октомври 2023 година на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Еднакви можности за вработување

Коалиција СЕГА одржува строга политика на еднакви можности за вработување, и обезбедува еднакви можности за сите вработени и апликанти за вработување. Организацијата ангажира, обучува, промовира, компензира и разрешува вработени без оглед на раса, боја, религија, пол, сексуална ориентација, националност, возраст, брачен статус, државјанство, како и други групи заштитени со закон. Дискриминацијата против вработените врз основа на било кој од овие фактори е забранета.


Печати   Е-пошта