Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се распишува повик до сите основни и средни училишта за вклучување во активностите на проектот.
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Цел на проектот: „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во рамките на 26 основни и 24 средни училишта“.
Проектот ќе се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика.
На повикот може да се пријават сите општински основни и средни училишта, вклучително и средните училишта при Град Скопје.
Со повикот ќе се селектираат 13 основни и 12 средни училишта со кои ќе се потпишат Договори за соработка за периодот октомври 2023 – август 2026 година.
Сите информации поврзани со тоа што вклучува проектот, кои се очекувањата од партнерските училишта, критериумите за избор и начинот на пријавување се содржани во документот на следниов линк: Повик за основни и средни училишта за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Сите заинтересирани основни и средни училишта може да се пријават на електронски начин за вклучување во проектот со пополнување на Пријава за вклучување на училишта во проектот. Заедно со пополнетата пријава, потребно е да се приложи Писмо за Потврда за пријава на училиштето и Писмо за поддршка од Општината.
Крајниот рок за пријавување за вклучување во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е:
24 октомври 2023 година, до 23:59 часот
Заинтересираните училишта може да испратат прашања поврзани со повикот најдоцна до 18 октомври 2023 година на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..