Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Коалиција на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, објавува јавен повик за ангажирање на Маркетинг Агенција за развивање на комуникациска стратегија, комуникациски план и креирање на медиумски продукти.
Заинтересираните правни субјекти може да се пријават на Јавниот повик на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со доставување на следнава документација:
со назнака: ,,Пријава на јавен повик за Маркетинг Агенција”
Краен рок за доставување на пријавите е 25 јануари 2024 година, најдоцна до 16:00 часот.
⇓ ⇓ ⇓ ⇓ ⇓
Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.