Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади. Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
Одговорности:
Организирање и водење на активности и проекти за млади
Поддршка во развојот и имплементацијата на програми за млади
Комуникација, соработка и вмрежување со младински организации
Промовирање на можностите за учество и ангажирање на младите во заедницата
Потребни квалификации:
Завршено високо образование
*Предност ќе имаат кандидати со завршено високо образование од областа на социјална работа и социјална политика, педагогија и психологија
Одлични познавање на македонски и англиски јазик
Одлични комуникациски способности
За предност ќе се смета и:
Искуство во работа со млади
Искуство во младински сектор
Искуство во промоција преку социјални мрежи
Познавање во уредување на веб страни
Потребни лични карактеристики:
Креативност
Одговорност
Способност за брзо учење
Одлични комуникациски вештини
Способност за работа во динамична средина
Самоиницијативност
Интеркултурни вештини
Почитување на рокови
Способност за работа во тим и индивидуална работа
Отвореност за нови предизвици и знаења
Што нудуме:
Можност за континуиран развој
Работа со млади
Динамична и креативна средина
Континуирана поддршка при спроведување активности
Можности за интеркултурно искуство
Услови:
Работно време во 40 часа неделно
Работа на определено време со можност за продолжување на договорот
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на email:aplikacija@sega.org.mkнајдоцна до 21 мај 2024 година.
**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Прва национална платформа на младински организации во Македонија, со повеќе од 20 години искуство во лобирање за потребните законски измени во младинското учество, информираност, вработување и активизам.