📢 ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ! ✨Програма за дигитално претприемништво „Младински дигитални претприемнички иницијативи“
Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Младински Центар Битола, Младински Центар Охрид и Младинскиот ресурсен центар ICan Гостивар со задоволство објавува
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ДИГИТАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Што вклучува програмата?
- 4 еднодневни интензивни работилници за дигитално претприемништво (април 2026)
- Менторска поддршка во следните 5 месеци во Младинскиот центар во твојот град (како инкубатор)
- Поддршка во развој на тимски бизнис план и прототип на дигитален производ/услуга
- Можност за пред-seed финансирање во износ од 333 € (хостинг, домен, основни дигитални алатки и сл.)
- Простор за презентација на твојата идеја на Регионален Дигитален Хаб (нова веб-платформа)
- Завршен Pitch настан пред локалната заедница, потенцијални инвеститори и партнери
Зошто да се пријавиш во Програмата?
- Ако си на возраст 17–29 години
- Живееш во една од следните општини: Битола, Охрид или Гостивар
- Имаш интерес за дигитално претприемништво и би сакал/а да развиеш сопствена дигитална бизнис идеја
- Предност (не е задолжително, но многу се цени):
- Веќе имаш груба бизнис идеја што може да се развие во дигитален правец:
- Поседуваш основни познавања од веб дизајн / графички дизајн / програмски јазици и сл.; и/или
- Имаш искуство или интерес во дигитален маркетинг, социјални мрежи, content creation, SEO…
Број на учесници:
По 25 учесници од секој град → вкупно 75 млади претприемачи
Локација на работилниците:
Младински центар Битола (mcb.mk) / Младински центар Охрид (mco.mk) / Младински ресурсен центар I-can Гостивар (@ican.yrc) - во зависност од градот во кој аплицираш
Временска рамка:
- Прва работилница → првата недела од април 2026
- Следни 3 работилници → во текот на април 2026
- Инкубациски период (5 месеци) → април – август 2026
- Финален Pitch настан → септември/октомври 2026
Краен рок за пријавување: 25 март 2026 (23:59 ч.)
Како да аплицираш?
Можеш да се пријавиш со пополнување на онлајн пријава за вклучување во програмата.
Линк до формата за пријава (Microsoft форма): 🔗 ПРИЈАВА - ПРОГРАМА ЗА Е-ПРЕТПРИЕМНИШТВО – Fill out form (линкот ќе биде активен од 25 март 2026)
Контакт за прашања:
Моника И. Кантарџиоска, Раководител на Програми
Емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;
Телефон (само работни денови 10–15ч): 077/762-767
Instagram: @coalitionsega Facebook: @coalitionSEGA
Не чекај – твојата дигитална бизнис приказна може да почне токму овде! 🚀
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува оваа Програма како дел од проектот Младински Дигитални Претприемнички Иницијативи (Digital Youth Ventures – Innovating Communities). Проектот се спроведува во период од 12 месеци е национална иницијатива поддржана од програмата BOOST Balkans, имплементирана од АЛДА со финансиска поддршка од Француската Агенција за Развој (AFD), во Македонија координиран од АЛДА Балканс.
Заедно ја градиме дигиталната иднина на регионот! 💻✨

