Запознајте се со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Запознајте се со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

ХОПС е една од петте основачи на Коалиција на младински организации СЕГА и е нејзинa активнa членка 15 години. #ВолонтирајИнспирирај! #15годиниСЕГА

Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.

Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Р. Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија.

Во своето делување ХОПС првенствено своите активности ги спроведува со цел подобрување на статусот на корисниците на дрога и сексуалните работници, како и на сите останати маргинализирани групи во општеството и во тој контекст сите тие се директни корисници или целни групи во работењето на здружението.

Од друга страна ХОПС дава поддшка за основање и работа на други граѓански здруженија во Скопје и пошироко низ Македонија, со слична мисија како ХОПС и кои имаат потенцијал да работат со слични целни групи. ХОПС делува како ментор и помагач во функционирањето на овие здруженија и во нивниот подобар пристап до корисниците.

Во своите напори за застапување, креирање, измена и донесување на политики во полза на корисниците на дрога и сексуалните работници како и на останатите маргинализирани групи, ХОПС соработува со јавните институции носители на политиките (на пр. Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика), донатори и меѓународни организации кои се присутни во Македонија и кои делуваат на истото поле на работа.

Оваа година СЕГА заедно со своите членки слави 15ти јубилеен роденден. Во рамките на одбележувањето на нашиот заеднички јубилеј, креиравме. Национална Кампања на тема за која веруваме дека ги поврзува сите наши организации членки. Националната Кампања под мотото „ВОЛОНТИРАЈ за доброто на твојата заедница! ИНСПИРИРАЈ ги младите околу тебе!“ има за ЦЕЛ да ја подобри опкружувачката околина за волонтирање на младите во нашата земја.


Печати   Е-пошта