Успешно реализирана втора обука за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“

Коалиција СЕГА ја реализира обуката за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ во Скопје со 13 претставници од граѓански и младински организации и претставници од средни училишта од Скопскиот регион.

Учесниците ги зајакнаа капaцитетите за начини и примена на методологија која се користи во европските земји за поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство кај младите, се запознаа со поимите Медиумска писменост, правилно однесување на интернет „Нетикет“, младинско учество и дигитално младинско учество но и научија методи и техники кои ќе ги применуваат со младите на локално ниво.

Во текот на октомври и ноември ќе се реализираат последователни локални активности со млади во насока на поттикнување на дигитално учество и активно граѓанство на младите, односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN www.opin.me. Со учесниците на обуката беше споделен прирачникот за обука DigiPAC и дополнителни материјали кои се креирани во рамките на проектот Еразмус+. Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка во спроведувањето на спроведувањето на  последователните активности на локално ниво.

Обуката се одржа во периодот од 07 - 09 октомври 2022 година во Скопје, како дел од активностите на проектот ACTIon, финансиран преку Ерасмус+ програмата, кој има за цел да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование.


Печати   Е-пошта