РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ

Коалиција на младински организации СЕГА, заедно со своите локални волонтери одржа работилница на тема „Европски Вредности” во средните училишта „Орде Чопела“ и Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп.

 
Преку работилницата младите ги надоградуваа своите знаења преку едукативна презентација и интерактивни вежби, каде придонесуваа со своите ставови и мислења во однос на темата, со посебен фокус на локално ниво.
 
Работилницата беше организирана во рамки на солидарниот проект „Одржлива средина и ефективен развој за младите” кој е финансиски поддржан од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европски Солидарен Корпус.
 

Печати   Е-пошта