ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во Работилница за Обука на млади за Електронско младинско учество

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за млади од Прилеп кои сакаат да се вклучат во работилница за обука за електронско младинско учество. 

Во рамки на проектот „Е-учество - Силни млади" СЕГА ќе спроведи работилница за обука на локални млади од Прилеп за електронско младинско учество. За време на обуката младите ќе се запознаат со темата учество, ќе дискутираат за тоа колку тие учествуваат во својата заедница и ќе учат за начините за учество. Во текот на обуката, учесниците директно ќе пилотираат електронско учество кое подоцна ќе го споделуваат со своите врсници. Учесниците на обуката ќе изготват акциски план за дисеминација на наученото и едуцирање на истото кај своите врсници. 

Право на учество имаат млади од Општина Прилеп на возраст од 13 -30 години. Пријавувањето е на линкот најдоцна до 24 март 2022 година.

Работилницата за обука на млади за Младинско учество и Е-учество е дел од проектот “E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH” [EPEY] - “Е-учество-Силни млади”, кој се спроведува во периодот 31 декември 2021 – 30 декември 2022 година. Проектот „Е-учество – Силни млади” (реф.бр. 2021-1-MK01-KA154-YOU-000008073) е поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија преку програмата Еразмус+.


Печати   Е-пошта