ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПРОМОЦИЈА НА БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА”
Коалицијата на младински организации СЕГА, за потребите од спроведување на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА
Овој повик има за цел да ангажира професионална агенција за видео продукција која ќе изработи видео со успешни приказни и сведоштва од учесниците во проектот, односно во основните и средните училишта кои се дел од проектот. Продуктот треба да ги рефлектира постигнатите успеси од периодот септември 2023 – март 2026 година, на тема превенција и справување со врсничко насилство во училиштата. Видеото е предвидено да се промовира на проектните настани и да се дисеминира до општата јавност воглавно преку социјалните медиуми.
Ангажираната агенција за видео продукција ќе биде одговорна за целокупниот процес (претпродукција, снимање на терен, монтажа и постпродукција). Закажувањето на снимањето на дефинираните локации ќе биде во координација со проектниот тим.
Времетраење на видео: Финалното видео треба да трае најмногу 7 минути (420 секунди). Засебни видеа по тип на активност односно целна група треба да бидат развиени*
Период на испорака: 10 март – 15 април 2026 година
Локациско снимање: Реализација на снимање во 10 – 15 училишта во различни општини. Патните трошоци се обврска на агенцијата за видео продукција и се вклучени во цената
Содржина на видеото: Агенцијата потребно е да подготви концепт (сценарио) за видеото, кое ќе биде финализирано заедно со проектниот тим. Концептот треба да содржи и предлог прашања за интервјуа со разни чинители
- Интервјуа со ученици
- Интервјуа со наставници
- Интервјуа со стручни соработници (и директори)
- Интервјуа со родители
- Интервјуа со универзитетски професори
- Интервјуа со претставници на институции
- Видео приказ на резултати од ученички иницијативи и настани
Формат на видеото:
- Long-form видео (16:9) – наменето за YouTube/Facebook
- Short-form видео / Teaser (9:16) - наменето за TikTok/Reels/Facebook
Техничка обработка: Монтажа, колор корекција, обработка на звук, вметнување на превод, наслови и задолжителна видливост (дисклејмер и логоа) на донаторот и проектот
Превод на продукт: Целосниот наратив треба да биде со превод на албански и англиски јазик
Дисеминација и промоција на видеото: Агенцијата треба да обезбеди поддршка на Проектот при дисеминација на видеото во јавноста
Овој повик е јавен. Секој правен субјект што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на следните документи:
- Писмо за интерес
- Портфолио на компанијата (кое ќе содржи најмалку 2 линкови од претходни слични продукти - вклучувајќи период, име на клиент и резиме на реализирани активности)
- Предлог краток концепт за видеото (сценарио)
- Тековна состојба на правниот субјект (не постара од 6 месеци)
- Финансиска понуда – во рамки на предвидените средства (со вклучен ДДВ)
Документацијата треба да се достави на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Пријава на јавен повик за ангажирање на Агенција за видео продукција.
Краен рок за доставување на апликациите е 13 март 2026 година
Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката на евалуација на апликациите.
За подетални информации поврзани со повикот може да не контактирате на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 10.03.2026 година
Целиот повик може да го видите тука

