ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

Коалицијата на младински организации СЕГА објавува повик за ангажирање на двајца практиканти кои ќе имаат можност да стекнат практично работно искуство, да ги развијат своите професионални вештини и да се вклучат во активности поврзани со работа со млади и соработка со организации и институции.

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за млади лица до 29 години кои ги исполнуваат следните услови:

  • завршено средно образование во траење од 4 години, со која било општа или средна стручна подготовка;

  • познавање на англиски јазик;

  • основно познавање на работа со компјутер и Microsoft Office;

  • мотивираност за стекнување нови знаења и практични вештини.

Основни информации

  • Локација: Канцеларија на СЕГА во Прилеп

  • Времетраење: 3 месеци

  • Број на практиканти: 2

Што ќе добијат практикантите?

Во текот на практикантството, избраните кандидати ќе имаат можност да стекнат практично искуство и да ги развијат своите вештини преку вклучување во различни активности, особено во:

  • комуникација и соработка со организации и институции;

  • работа со млади;

  • развивање на аналитички способности;

    подготовка на службени писма, документи и планови за работа;

  • организирање и евалуација на едукативни активности;

  • собирање, обработка и анализа на податоци;

  • секојдневна работа во младинска организација и запознавање со нејзиното функционирање.

Практикантството претставува можност младите да стекнат реално работно искуство, да развијат професионални компетенции и да се запознаат со работата во младинскиот сектор.

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати можат да се информираат за условите и потребната документација и да ја достават својата апликација на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за аплицирање: 4 септември 2026 година.

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади кои сакаат да стекнат нови искуства и знаења да ја искористат оваа можност и да аплицираат.


Печати   Е-пошта