Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“

Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“

Коалиција на младински организации СЕГА започнува со имплементација на Национална кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички правакоја ќе се спроведува во периодот од 12 август  –  31 декември 2021 година.

Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.

Активности од кампањата:

  • Истражување на национално ниво за нивото за познавање на законот за младински додаток од страна на младите и нивото на искористеност на законот за младински додаток од страна на компаниите. Он-лајн анкетен прашалник (август-септември 2021)
  • Национална панел дискусија (презентација на наоди од истражувањето)
  • Он-лајн кампања (неделни објави за клучни факти од законот за младински додаток и факти од наодите на истражувањето) (септември - декември 2021)
  • Национална конференција (заклучоци и препораки за подобрување на примената на законот за младински додаток) (декември 2021)

Очекувани резултати:

  • Преку кампањата ќе се опфатат голем број на млади од цела Македонија кои ќе бидат информирани за придобивките од користењето на Младински додаток;
  • Зголемена свест за важноста од информирањето за работничките права за севкупната јавност во Р. Македонија.

Поддржувачи на кампањата: Конфедерација на Слободни Синдикати (КСС), Бизнис Конфедерација (БК), Инфо Компас Прилеп и др.

Партнери во кампањата: Bintern, Младински Совет Прилеп, НЕЦИ НМК, ОЖО - Свети Николе и ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

Закон за младински додаток

Претежно производствени дејности - Национална класификација на дејности - НКД Рев. 2

 


Печати   Е-пошта