Индекс за младински развој во Македонија

Индекс за младински развој во Македонија

Коалиција СЕГА воведе Индекс за младински развој во Македонија, алатка преку којашто ќе се испита состојбата на младите во пет категории, што се клучни за нив, и ќе се идентификуваат областите каде што е неопходна интервенција од страна на креа‑ торите на политиките. Целта на Индексот за младински развој во Македонија е да обезбе‑ ди основни податоци за приоритетите на младите на локално ниво, со цел да се овозмо‑ жат насочени интервенции и подобрување во областите од страна на локалната заедница (граѓанското општество, локалните институции, другите јавни и приватни чинители). Ин‑ дексот првенствено ќе обезбеди квантитативни информации и намерата му е да генерира извештаи што ќе ги користат носителите на одлуки и граѓанските организации за подобро разбирање на потребите на нивната заедница. Овој Индекс се базира врз Глобалниот индекс за младински развој, поддржан од Комон‑ велтот, којшто е сложен индекс составен од 18 индикатори коишто заеднички го мерат мла‑ динскиот развојот во пет категории: образование, здравје и благосостојба, вработување и можности, политичко учество и граѓанско учество. Во 2016 година беа објавени резултатите од Глобалниот индекс за младински развој1 , на којшто Македонија беше рангирана во ка‑ тегоријата на земји со многу висок коефициент со резултат од 0,719 на скала од 0 до 1. Со овој резултат Македонија е меѓу најдобрите земји од регионот, пред некои земји членки на Европската Унија, како Грција, Бугарија и Романија.

Оваа публикација е овозможена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Содржината е одговорност на Коалицијата на младински организации СЕГА и не ги изразу‑ ва ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

INDEX MK

INDEX EN

Date

17 Декември 2018

Tags

Истражувачки извештаи