Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Оваа Компаративна проценка на моделите за младинско учество на меѓународно ниво е подготвена во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Северна Македонија, Волонтерски центар Скопје и Здружение Женски форум Тетово.
Проценката има за цел да овозможи преглед на моделите на младинско учество што се применуваат во земји со различно ниво на развој и нивно приспособување на пристапите кон младинското учество во Република Северна Македонија. Компаративната проценка вклучува анализа на моделите во следните шест земји: Австрија, Кипар, Литванија, Словенија, Србија и Финска. Фокусот на анализата е ставен на постојната регулатива на законски и подзаконски акти и на стратешките документи и програми што ги обликуваат постојните модели на младинско учество во избраните држави. Моделите се споредени со постојната регулатива на Република Северна Македонија.