Иновативен модел на рано кариерно насочување на млади

Иновативен модел на рано кариерно насочување на млади

Задоволство ни е да ја споделиме со вас новата Публикација за моделот на кариерно советување, развиена како дел од меѓународниот проект „Мојата кариера наша игра“.

Проектот MCOG има за цел да воведе иновативна методологија за рано кариерно насочување како одржлива алатка за спречување на младите луѓе да станат NEET, обезбедувајќи иновативен пристап лице в лице. Предложениот модел се заснова на искуствата на трите проектни партнери и постоечките позитивни практики во различни земји во Европа. Иновацијата е потврдена преку искуствата од рано кариерно насочување во неформалното и во формалното образование.

Проектот „Мојата кариера наша игра“ (2020-1-PL01-KA205-081121) е имплементиран од Здружението Едукација од Интернет ЕПИ од Полска заедно со Коалицијата на младински организации СЕГА и Универзитетот Авеиро од Португалија и е поддржан од националната агенција во Полска преку Еразмус+ програмата, Акција2 стратешки партнерства и иновации.

Публикација „ИНОВАТИВЕН МОДЕЛ НА РАНО КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ"

Date

12 Мај 2021

Tags

Публикации, Еразмус +