МЕТОДОЛОГИЈА НА РАНО КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ ПРЕКУ ГЕЈМИФИКАЦИЈА

МЕТОДОЛОГИЈА НА РАНО КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ ПРЕКУ ГЕЈМИФИКАЦИЈА

Проектот „Мојата кариера, наша игра“ има за цел да воведе иновативна методологија за рано кариерно насочување како одржлива алатка за спречување на младите луѓе да станат NEET, обезбедувајќи иновативен пристап лице в лице. Проектот е насочен кон младите во ризик да станат NEET во средното и високото образование, обезбедувајќи кариерно советување преку формални и неформални / наставни и воннаставни активности во Северна Македонија, Португалија и Полска.

Публикацијата „Методологија на рано кариерно насочување преку гејмификација“ е создадена како резултат на првата публикација на проектот „Иновативен модел на рано кариерно насочување“, кој даде преглед на методологијата и ги наведе чекорите што треба да се преземат. Оваа публикација е продолжение каде може да се најдат многу совети, чекори и пристапи за младите како да се приберат податоците за активностите, содржани во сценаријата за секој чекор.

Проектот „Мојата кариера наша игра“ (2020-1-PL01-KA205-081121) е имплементиран од Здружението Едукација од Интернет ЕПИ од Полска заедно со Коалицијата на младински организации СЕГА и Универзитетот Авеиро од Португалија и е поддржан од националната агенција во Полска преку Еразмус+ програмата, Акција2 стратешки партнерства и иновации.

МЕТОДОЛОГИЈА НА РАНО КАРИЕРНО НАСОЧУВАЊЕ ПРЕКУ ГЕЈМИФИКАЦИЈА

Прилози кон публикацијата „Методологија на рано кариерно насочување преку гејмификација“:

Date

27 Мај 2022

Tags

Прирачници, Публикации, Еразмус +