Local Youth Strategy for the City of Shtip

Local Youth Strategy for the City of Shtip

Во текот на мај-јуни 2008 година, Младинската организација ВОДА плус – Штип во соработка со Младински Клуб – Штип ја покренаа иницијативата за обновување на процесот и завршување на Стратегијата. Општината ја поддржа иницијативата и заради итноста на потребата поддржана со алармантните резултати од анкетното истражување за проблемите на младите спроведено помеѓу 1340 млади од Штип од страна на претходно споменатите организации, одлучено е веднаш да се започне со спроведување на процесот за креирање на Локална стратегија за млади на О. Штип со цел да се одредат конкретни решенија за приоритетните проблеми на младите во Општината.

За таа цел, по разгледување на можностите и заклучокот дека за креирање на стратегијата не се потребни големи средства во колку се има добра волја и желба за работа, кон крајот на 2008 година, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и Младински Клуб – Штип со кој беше одредено Општината да учествува со логистичка поддршка на процесот, додека М-Клуб ќе го фацилитира истиот.

Локална стратегија за млади на Општина Штип

Date

22 Октомври 2010

Tags

Strategies