Прирачник за креирање на локални младински стратегии

Прирачник за креирање на локални младински стратегии

0д 01 јануари 2010 година Коалиција СЕГА започна да го имплементира проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“. Проектот е финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата „CIVICA Mobilitas“ (во имплементација на Центарот за Институционален Развој, а финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка), 9 општини во Република Македонија (Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип, Свети Николе и Радовиш) и Коалиција СЕГА.

Целта на проектот “Креирање на Локални Младински Стратегии“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на Локални Младински Стратегии. Во состав на проектот е и изготвувањето на овој прирачник кој што долгорочно ќе биде користен како алатка за изготвување на локални младински политики во другите општини во РМ.

Прирачник за креирање на локални младински стратегии

Date

23 Март 2010

Tags

Прирачници