ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ЈАКНЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ.

Програмата на јакнење капацитети овозможува вклучување на граѓански организации во процес на обуки за организациски и програмски развој како и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми. Оваа активност е наменета за сите Граѓански организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

 

 

1. ОБЛАСТИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ

Во насока на јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади, соодветно нивните приоритетни потреби, предвиден е избор од осум (8) обуки кои ќе се фокусираат на следните области и теми:

      1. Обука за организациски развој (25-26 ноември 2021 година – онлајн обука)

Теми: Транспарентност и отчетност на ГОи, управување со членство, алатки за следење на организациски развој, управување со човечки ресурси, финансиски менаџмент и сл.

      2. Обука за следење, евалуација и обработка на податоци (14-15 декември 2021 година - онлајн обука)

Теми: Основи на следење и оценка, Системи за собирање податоци, дефинирање индикатори, алатки за проценка и верификација и употреба на податоците

      3. Обука за истражување и застапување на политики (2022)

Теми: Следење и анализа на јавни политики, учество во процеси на креирање на закони, креирање документи за политики, техники и алатки за истражување, чекори за застапување, целна публика, активности, планови и алатки, процес на вмрежување и очекувани резултати од вмрежување

      4. Обука за Дигитална писменост за онлајн активизам (2022)

Теми: Онлајн безбедност, примена на онлајн дигитални платформи за организирање настани (семинари, работилници, обуки), форми на дигитално учество

      5. Обука за процесот на пристапување во ЕУ - секторски стандарди (2022)

Теми: Достапни инструменти на ЕУ во фазата на пристапување, фундаментални (секторски) политики, постојна ситуација со резултатите од процесот на пристапување во Поглавје 10 (Информатичко општество и медиуми), Поглавје 19 (Социјална политика и вработување), Поглавје 23 (Судство и основни права), Поглавје 24 (Правда, слобода и безбедност) и Поглавје 26 (Образование и култура)

      6. Обука за родови политики (2022)

Теми: основи на концепт на родова еднаквост, меѓународни стандарди, родовата застапеност во законската рамка во земјата, родова перспектива во процедури на граѓанските организации

      7. Обука за Управување со волонтери (2022)

Теми: основи на концепт на волонтерство, меѓународни практики, регрутација на волонтери, развивање програма за волонтирање за секој волонтер, следење и евалуација на волонтерскиот процес, валидација заснована врз позитивната легислатива и администрација на волонтерските процеси

      8. Обука за превенција и справување со кибер-насилство

Теми: основи на насилство и кибер-насилство, постојни трендови на локално и меѓународно ниво, протоколи / процедури за справување со сајбер насилството во локалната заедница

 

ПРОЦЕС НА МЕНТОРСТВО: По завршувањето на секоја обука, учесниците на обуките ќе имаат можност да добијат поддршка преку менторство од селектирани експерти за да го интегрираат стекнатото знаење во организациските политики и практики.

Напомена:

  • Проектот ќе спроведе процес на проценка на потребите на пријавените граѓански организации;
  • Граѓанските организации може да изберат учество на повеќе од една обука;
  • Обуките ќе бидат со времетраење од по два (2) дена;
  • Бројот на учесници (претставници на граѓански организации) на обуките е ограничен;
  • Обуките под реден број 1 и 2, ќе се одржат онлајн во периодот ноември – декември 2021 година
  • Обуките со реден број 3 – 8 предвидено е да се одржат со физичко присуство во периодот февруари – април 2022 година. Начинот на одржување на овие обуки дополнително ќе биде потврден во зависност од актуелната состојба со пандемијата од КОВИД-19 и препораките од здравствените власти.

 

2. РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Вашиот интерес за учество на програмата за јакнење капацитети треба да се пријави најдоцна до 17.11.2021, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/moDhH55ihkKmJQ1HA

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ има за цел да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Проектот се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА (СЕГА) како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово (ЖФ Тетово), СОС Детско Село Северна Македонија (СОС ДС) и Волонтерски Центар Скопје (ВЦС), во период од јануари 2021 – април 2024 година.

Проектот има за цел да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество. За да се постигне целта, проектот:

  • Ќе ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за независно и ефективно влијание врз донесувачите на одлуки поврзани со младински прашања врз основа на докази и преку локално вмрежување
  • Ќе ги подобри граѓанските компетенции на младите мажи и жени за суштинско учество во секојдневниот живот на демократската заедница користејќи иновативни модели преку родово сензитивни и мировни пристапи
  • Ќе ги оспособи јавните институции да развиваат и спроведуваат информирани и квалитетни јавни политики поврзани со младите засновани на еднакви можности преку одржливо партнерство со локалното граѓанско општество

Печати   Е-пошта