Документ со младински иницијативи во насока на зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница во Прилеп

Документ со младински иницијативи во насока на зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница во Прилеп

„Е-учество – Силни млади“ создаде можности за младите да се вклучат, активираат и да научат да учествуваат во општеството а со тоа се работеше на подигање на свеста кај младите за важноста на учеството на младите во демократскиот живот и процеси, во исто време ги развиваа нивните дигитални компетенции користејќи дигитална платформа за е-учество.


Користејќи го методот на електронско младинско учество и употреба на веб страни како алатка за е-учество (opin.me и iniciraj.mk), младите од Прилеп дискутираа и иницираа предлози за подобрување на условите за живот како и подобрување на дијалогот меѓу младите и донесувачите на одлуки на локално ниво. Преку алатките за е-учество, се дефинираа препораки, предлози и инцијативи од младите, кои се содржани во Документот со младински иницијативи во насока на зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница во Прилеп кој претставува краен резултат на проектот „Е-учество – Силни млади“.

Позицискиот документ се базира на препораки/иницијативи предложени од повеќе од 200 млади, вклучени при реализацијата на процес на едукативни работилници со млади и последователни peer-to-peer работилници со ученици од 5те средни училишта во Општина Прилеп.

„Е-учество – Силни млади“ (“E-PARTICIPATION - E(mpowered) YOUTH” [EPEY] со рег.број 2021-1-MK01-KA154-YOU-000008073) Коалиција на младински организации СЕГА го спроведуваше во рамки на Еразмус+ програмата, Клучна Акција 154 – Активности за младинско учество, а истиот е финансиски поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

Date

20 Декември 2022

Tags

Youth Participation, Erasmus +