Доколку сте креативна личност и сакате да работите во динамична средина, проверете ги отворените можности за вработување во СЕГА.
 web.png)
Коалицијата на младински организации СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“, поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан, објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за Анализа и мапирање на потреби за интервенција на Законот за младинско учество и младински политики.

Претставник на Младински центар Охрид учествуваше на меѓународна конференција – „Европа оди локално“
Во периодот од 23 до 25 мај 2023 година, Иво Ристески како претставик на Младински Центар Охрид и на Коалиција на младински организации СЕГА заедно со претставник од Младински Центар Куманово и службениците за млади од општините Велес и Пробиштип учествуваше на 5-от Европски настан на „Европа оди Локално“ заедно со повеќе од 170 учесници од 27 земји, кој се одржа во Стохолм, Шведска. Настанот беше поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.