Коалиција СЕГА за потребите на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ објавува јавен повик за ангажирање правен експерт/ка за подготовка на методологија и Предлог текст на Закон за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики.
15 август 2024, во хотел Панорамика, Скопје, Коалиција на младински организации СЕГА ја одржа Завршната Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“, која е во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.
21 август 2024, Коалиција на младински организации СЕГА реализираше Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики" со клучните чинители за младинските политики и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во Р.С. Македонија.
Со задоволство ја споделуваме со вас студијата за интеркултуралност, резултат на долга посветена соработка, насловена: „Интеркултурно и дигитално искуство: клучни фактори за младинско ангажирање?“
Прочитајте ја студијата на следниот линк: https://www.eclosio.ong/wp-content/uploads/2024/06/Etude-Connexion-s_EN.pdf



