Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
Како членка на СЕГА, вашите организации стануваат дел од националната платформа на младински организации со 20-годишно искуство и имаат обезбеден пристап до бројни ресурси и можности. Од организациите членки на СЕГА се очекува активно да придонесат во работата и развојот на Коалицијата.
Одговорностите на организациите членки вклучуваат: редовна исплата на членарина; редовна комуникација со персоналот на централната канцеларија на СЕГА; доставување информации до СЕГА за нивните точни податоци за контакт, организациска позадина вклучувајќи ги мисијата и визијата на организацијата на македонски и на англиски јазик; примање и споделување написи и информации до други релевантни чинители на барање на СЕГА; придонес во секое истражување и прашање поврзано со организациските политики, консултации, состаноци на Собрание на СЕГА или други форми за учество организирани од СЕГА; учество на настани организирани од СЕГА на локално и национално ниво; учество во спроведувањето на програмите на СЕГА; развивање и негување на угледот на СЕГА итн.
Постојат две нивоа на членство во СЕГА: Основни организации членки и придружни организации членки.
Основните организации членки ги имаат следните права:
Придружните организации членки имаат право да учествуваат во работата на Собранието на СЕГА со еден претставник, имаат право да учествуваат во дискусијата и да даваат предлози без право на глас. Телата на СЕГА може повремено да вклучуваат претставници на придружните организации членки. Придружните организации членки имаат право да учествуваат во спроведувањето на програмите и стратегијата на СЕГА.
Членството во СЕГА може да престане поради:
Како организација членка на СЕГА, вашата организација:
Сите заинтересирани младински организации и организации кои развиваат и работат на младински програми може да аплицираат за членство во СЕГА со доставување на следните документи:
За поеќе информации ве молиме контактирајте не на sega@sega.org.mk или на телефонскиот број +389 (0) 48 429 390
Доколку некоја придружна членка е подготвена да го промени својот статус во основна организација членка, таа треба да поднесе официјално барање до СЕГА. За ова барање одлучува Собранието на СЕГА.
Исто така, постои можност основната организација членка да го промени својот статус во придружна членка, по барање на самата организација (според истата процедура опишана погоре) или со одлука на Собранието на СЕГА според Статутот на СЕГА.
Основните организации членки имаат право да учествуваат во работата на Собранието на СЕГА како надреден орган на СЕГА.
Исто така, претставници на основните организации членки имаат право да бидат избрани за членови во Управниот одбор на СЕГА.
Сите организации членки можат да влијаат на политиките на СЕГА преку анкети, прашања поврзани со организациските политики, консултации и/или други форми на учество организирани од СЕГА.