Телефон
Емаил
Работни Часови
Понеделник - Петок: 09:00 - 16:30
Прва Мрежа на Младински Организации во Македонија!
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА
Финансиска поддршка: СЕГА го спроведува проектот, со поддршка на програмата за мали грантови „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“ од проектот „Саморегулација на граѓански организации “ 19 11 ДФГ 301 кој го спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС) со поддршка на ЕУ.
Времетраење: 01 јануари 2020 – 30 септември 2020
Цели:
Општа цел: Овозможувачка околина која негува независно, транспарентно, отчетно и одржливо граѓанско општество, со влијателна улога во процесите на креирање политики
Специфична цел: Транспарентноста и отчетноста на Коалиција СЕГА кон своите членки и кон јавноста е подобрена
Активности: Анкета за мислењата и перцепциите на членките СЕГА, Работилница за развивање комуникациска стратегија, Обука за комуникациски алатки)
Анализа и ревизија на политиките на СЕГА ,Креирање на политика за партиципативно развивање на Годишна програма и Стратешки план, процедура за партиципативно донесување одлуки, Развивање на процесни мапи на одредени процеси)
Очекувани резултати:
Р1. Квалитетот на комуникација на Коалиција СЕГА кон организациите членки и засегнатите страни е зајакнат
Р2. Подобрени се интерните политики за добро управување на Коалиција СЕГА во согласност со законската регулатива, преку широк консултативен процес со членките
Р3. Зајакнат процес на донесување на одлуки и креирање на програми на сите нивоа со обезбедување на систематско учество на сите организации членки на СЕГА