Креирање на кариерна патека во согласност со пазарот на труд

Креирање на кариерна патека во согласност со пазарот на труд

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов:  Креирање на кариерна патека во согласност со пазарот на труд

Финансиска поддршка: Генерален секретаријат Влада на Република Северна Македонија

Времетраење: 01 август 2021 година – 31 декември 2021 година

Цел: Зајакнати капацитети на основните училишта, центрите за социјална работа и граѓанските организации за кариерно насочување и советување на младите согласно локалниот пазар на труд.

Целни групи: 

Примарната целна група на проектот се младинските организации и организациите кои работат со млади, претставници на стручна служба од основни училишта и на Центри за социјална работа од 4 општини (Прилеп, Битола, Штип, и Скопје ).

Крајни корисници на проектот се младите на возраст од 15 – 29 години кои живеат во Р.С. Македонија.

Активности: Проектот предвидува методологија која опфаќа три клучни сегменти во насока на зајакнување на вработливоста на младите во ризик кон нивно ефикасно учество на пазарот на трудот. Преку проектот СЕГА идентификува и ќе работи на градење на капацитетите за кариерно насочување и советување согласно најдобрите практики и искуства од работа на полето. Подготвената методологија од најдобри искуства и практики од претходно спроведени активности и долгогодишното искуство на СЕГА ќе претсавува ресурс за Центрите за социјална работа, основните училишта и граѓанските организации во своето работење со млади и избор на соодветна кариера согласно побарувачката на пазарот на труд.

Очекувани резултати: 

  1. Зајакнати вештини за кариерно насочување и советување на стручните служби во основните училишта, на семејните социјални работници од центрите за социјална заштита и на преставници на невладини организации
  2. Зајакнати компетенции за вработливост на долгорочно невработени и неактивни млади во ризик (НЕЕТ, корисници на социјална помош)
  3. Зајакнати компетенции на учениците од основните училишта за избор на идна професија согласно спроведената методологија за кариерно насочување и советување 4. Прирачник со алатки и најдобри практики за кариерно советување и насочување кој ќе служи како корисна алатка во понатамошната работа на сите стручни лица кои ќе работат на ова поле

Date

06 August 2021

Tags

Младинско Вработување