Млади против корупција
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов: “YOUth Against Corruption” (МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА)
Финансиска поддршка: Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа - Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, проект со регистарски број SEE-TAC 3-02/2022
Времетраење: 15 февруари 2022 година – 15 декември 2022 година
Цели:
Општа цел:
Подобрена свест на власта и на граѓаните за последиците од корупцијата и ефективни мерки за спречување и справување со корупцијата, особено на локално ниво.
Специфични цели на проектот:
Зголемени капацитети на младинските лидери за препознавање, спречување и борба против корупцијата и коруптивното однесување кон ефективно имплементирање на UNCAC.
Целни групи:
- директни корисници на проектот се млади на возраст меѓу 15 и 29 години (позадина: млади од средните училишта, студенти, невработени млади, млади кои живеат во рурални средини, волонтери во ГО, младински работници, млади лидери – подмладоци од политички партии);
- секундарни корисници на проектот се претставници на национални и локални институции (позадина: владата и општините).
Крајни корисници:
- 20 млади луѓе од општини: Кисела Вода, Бутел, Охрид, Штип и Прилеп (позадина: млади од средните училишта, студенти, невработени млади луѓе, млади луѓе кои живеат во рурални средини, волонтери во граѓански организации, младински работници) директно вклучени во обука;
- повеќе од 5000 млади опфатени преку локални иницијативи за подигање на јавната свест во петте општини (Кисела Вода, Бутел, Охрид, Штип и Прилеп);
- 10 млади лидери (позадина: политички подмладоци), 20 претставници на институции и организации (позадина: локални и национални институции, политички лидери, приватен сектор, медиуми, граѓански организации) опфатени преку национална конференција.
Активности:
- градење на капацитети за застапување и лобирање со цел да се спречи и да се бори против корупцијата додека ефикасно се спроведува UNCAC;
- подигнување на свеста на општинската администрација и граѓаните за постоењето на корупцијата и превентивните антикорупциски мерки;
- да се запознае пошироката јавност со резултатите од иницијативата и да се обезбеди посветеност и континуирани напори од страна на политичките чинители.
Очекувани резултати:
- зголемено знаење и вештини за застапување за мерките за антикорупција и коруптивно однесување;
- младите и општата популација од 5 градови се информирани за препознавање и справување со корупцијата и коруптивното однесување преку јавни кампањи;
- подобрена заложба на младите политички лидери за стратешко справување со корупцијата во процесите на креирање политики преку промовирање и практикување на UNCAC.
РЕЗУЛТАТИ И ПРОДУКТИ ОД ПРОЕКТОТ:
Прочитајте повеќе за иницијативите на Младите Агенти за борба против Корупција:
Општина Охрид
Општина Прилеп
Општина Штип
Општина Кисела Вода
Општина Бутел
Декларација за заложба за борба против корупција:
На 30 ноември 2022 година, на Националната Конференција „Млади против корупција“ која се одржа во хотел Панорамика - Скопје, подмалдоците на политичките партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алтернатива, БЕСА, Левица, ГРОМ, ЛДП и ПВМ) и Коалиција на младински организации СЕГА ја потпишаа Декларацијата за заложба за борба против корупција. Погледнете ја Декларацијата на линкот подолу:
Декларација за заложба за борба против корупција