Младите може да бидат слушнати

Младите може да бидат слушнати

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов: “YOUth can be heard” (Младите може да бидат слушнати)

Финансиска поддршка: Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност преку Еразмус+, проект со регистарски број 2021-2-MK01-KA154-YOU-000040754

Времетраење: 01 март 2022 година – 31 октомври 2022 година

Цели:

Општа цел:

Да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.

Специфични цели на проектот поврзани со програмата Еразмус+:

  • Промоција на активно учество на младите во земјата, како и соработка, квалитет и вклученост во креирање младински политики во области кои ќе им помогнат на младите да бидат активни граѓани во заедницата,
  • Можности за ангажирање на младите во граѓанското општество, обезбедувајќи им патишта низ секојдневниот живот, но и во демократскиот живот со цел значајно социјално, граѓанско, економско и политичко учество на млади луѓе од различни позадини,
  • Водење  дијалог и дискусии меѓу младите и донесувачите на одлуки за промоција на активното учество на младите во демократскиот живот на локално и национално ниво.

Целни групи: 

  • млади на возраст од 15 до 30 години на локално и национално ниво;
  • претставници на локални институции од различни општини на национално ;
  • локални младински совети на општини;
  • граѓански организации кои имаат активности и ги поддржуваат младите на локално и национално ниво;
  • донесувачи на одлуки.

Крајни корисници: 

  • 100 млади од различни општини на национално ниво директно вклучени во активностите
  • Локални младински совети на општини
  • Граѓански организации
  • Поширока јавност на национално ниво

Активности: 

  • Кампања за подигнување на свест за важноста од младинско учество на национално ниво
  • Средби на млади и претставници на младински совети во 5 општини
  • Развивање на младински иницијативи за потребите на младите
  • Работилници со млади за информирање за важноста на младинското учество
  • Национална работилница помеѓу млади и донесувачи на одлуки

Очекувани резултати: 

Документ со младински иницијативи со цел и во насока на зголемување на квалитетот на животот за младите на национално ниво

 

Date

01 March 2022

Tags

Младинско учество